Поврзете се со нас

Европски првенства

Кузмановски: Со кренати глави се враќаме во Македонија, само ќе растеме како репрезентација!

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Македонија со победа над Швајцарија го заврши настапот на 16. Европско првенство кое се одржува во Германија.

За разлика од дуелите со Франција и Германија, нашата селекција се покажа во сосема друго светло, покажа квалитет, способност да диктира темпо резултат, да се врати кога е потребно и со тоа да најави, порача дека вреди да се верува во оваа група на играчи.

-На ова првенство игравме против олимпискиот првак Франција и домаќинот Германија. Многумина очекуваа резултати од нас, но тоа е реалната слика, тие се понапред од нас и ние треба да учиме од нив. Ние ќе растеме како екипа. За мечот со Швајцарија, кога ќе ја погледнеме историјата, имаме многу победи со нив, но тие на ова првенство и на пријателските средби покажаа дека се одлична екипа. Оваа победа многу ни значи за самодоверба, за иднината, за сите да видиме дека можеме да се бориме од почеток до крај. Нормално е да имаш падови во играта, ние сме една млада екипа. Со кренати глави се враќаме во Македонија.

-Задоволен сум од мојата игра, победи екипата. Среќен сум за тимот, за иднината, да веруваме сите во себе. Имаме хемија во репрезентацијата, дишеме како еден, сплотени сме, можеме да се натпреваруваме, не е лесно да се победи една Швајцарија, -порача Филип Кузмановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни