Поврзете се со нас

Светски првенства

Ковачиќ: Никогаш не сум го коментирал судењето, но Орсато направи две кардинални грешки!

Објавено

на

Хрватска не ја повтори играта од мечот со Бразил и остана на дофат на ново финале на Светските првенства, бидејќи вечерва немаше решение за брзите аргентински контранапади откако повторно прва прими гол на мундијалот во Катар.

Лионел Меси ја претвори во гол најстрогата казна за која се избори Хулијан Алварез, а за која најмногу протестираше Матео Ковачиќ кој заработи и жолт картон.

Играчот за врска на Челси не можеше да поверува дека Орсато покажа на белата точка по сударот меѓу Алварез и Ливаковиќ, но според него, огромна грешка италијанскиот судија направил и неколку секунди претходно, кога сите Хрвати бараа корнер по ударот на Иван Перишиќ.

– Тешко ми е воопшто да дадам коментар после ваков меч, тешко ми е да излезам пред вас новинарите. Пеналот не дотепа, но тоа е анализа за други. Едноставно не можам да поверувам дека не досуди корнер во претходната акција, а потоа ни свирна пенал. Никогаш не сум коментирал судење, но ова беа две кардинални грешки.

– Знаевме дека Аргентина игра агресивен фудбал и дека го има Меси. За жал, тој денеска беше феноменален. Сепак, ние примивме два смешни гола во првиот дел и останавме без финале. Сакавме ново финале, но сега мора да собереме сили и да се избориме барем за третото место, – изјавил Ковачиќ за „ХРТ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни