Европски првенства
Костески: Го оставивме срцето на терен, среќни се враќаме дома!

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов
Македонската сениорска ракометна репрезентација победнички го заокружи настапот на 16. Европско првенство на кое домаќин е Германија.
Четата на Кирил Лазаров славеше над Швајцарија со 29:27 и на тој начин го поправи впечатокот по убедливите порази во претходните две рунди од фаворизираните Германија и Франција. Еден од нашите најдобри играчи на теренот беше Ненад Костески кој смета дека со кренати глави можат да се вратат во Македонија.
-Ова е голема победа за нас, го завршуваме ова Европско првенство со бодови, победа. Секоја чест за момците, го оставивме срцето на терен и се израдувавме. Одигравме смирено кога беше најпотребно, не дозволивме многу технички грешки, искусно и професионално пристапивме и не брзавме премногу во нападот.
-Изгледавме позрелно, напредуваме во однос на претходните турнири. Првите два меча не беа вистинската слика за нас, тоа се две селекции кои атакуваат на титула. Сметам дека сме во нагорна линија, напредуваме од година во година и Македонија ќе се радува на уште поголеми успеси, -истакна Костески кој даде пет гола против Швајцарците.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити