Поврзете се со нас

НБА

Кошаркарска интелигенција на друго ниво: Јокиќ со лажно движење изнуди престап од двајца противнички играчи (Видео)

Објавено

на

Никола Јокиќ доминира во НБА лигата веќе две-три години, а причина за тоа не е неговата физичка подготовка, туку импресивната кошаркарска интелигенција со која на моменти прави и да си поигрува со ривалите.

Српскиот кошаркар рано утрово го водеше својот Денвер до драматична дерби победа над Бостон од 100:102, а во завршницата во „Ти-Ди Гарден“ видовме и една несекојдневна ситуација.

Кошаркарската интелигенција на Јокиќ беше презентирана на дело, бидејќи Порѕингис и Браун се залета по едно лажно движење на Никола, па на крајот двајцата направија престап.

Јокиќ со својот потег ги насамари двајцата чувар и направи да се „уловат“ во неговата стапица, па слободното фрлање на Гордон мораше да биде одново изведено.

Оваа ситуација не донесе резултатска промена на семафорот бидејќи Гордон не реализираше и од втора, но затоа кошаркарските фанови се воодушевени од интелигенцијата на „Џокерот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни