Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите го распродадоа „Кале“, парите од билетите ќе одат за лекување на Леонид

Објавено

на

Резултатот од натпреварот меѓу Македонија и Естонија ќе има големо значење за двете репрезентации во обидот да обезбедат место на Европското првенство, а Кошаркарската федерација на Македонија потврди дека нашите најдобри кошаркари ќе играат пред полна сала.

Влезните билети за денешниот квалификациски натпревар се целосно распродадени, што значи дека публиката во салата во СРЦ „Кале“ ќе има важна улога во обидот на Македонија да стигне до победа на премиерниот настап во овие квалификации.

Дополнително, раководството на КФМ реши собраните пари од билетите за денешниот дуел да бидат искористени во хуманитарни цели.

Поточно, средствата собрани од продадените билети ќе бидат наменети за лекувањето на Леонард Индов.

Натпреварот започнува од 19 часот, а вратите во салата ќе бидат отворени еден час порано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни