Поврзете се со нас

Балкан

Контејнер од камион падна врз автомобилот на ѕвездата на Анадолу Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

Ѕвездата на Анадолу Ефес, Брајант Данстон се соочи со голема непријатност во текот на денешниот ден каде за малку избегна трагедија откако врз неговиот автомобил падна контејнер од камион.

Имено возачот кој управувал со каминот нагло закочил по што контејнерот кој го носел паднал врз автомобилот на центарот на актуелниот европски шампион.

-Минувавме под еден надвозник, се зачудив кога видов дека висината е четири метри и морав да закочам. Зад нас беше автомобил, контејнерот кој го носев падна врз него, -изјави возачот на камионот.

За голема среќа Данстон не заработил потешки повреди, веднаш бил однесен во најблиската болница и во добра состојба, но некое време ќе остане во истата каде ќе биде надледуван од лекарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни