Поврзете се со нас

Формула 1

Конечна пресуда пред спринт-трката: Стјуардите го дисквалификуваа Хамилтон (Фото)

Објавено

на

Актуелниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон заработи казна од стјуардите на трката во Бразил и ќе му биде поништен резултатот од вчерашните квалификации.

Тоа значи дека возачот на Мерцедес ќе започне од последниот ред на денешните спринт квалификации и повторно сериозно си ги намали шансите за посакуван пласман на Интерлагос.

Стјуардите откриле прекршување на техничките правила поврзани со ДРС системот, односно овој систем на Британецот се отворал неколку милиметри повеќе од дозволеното, со што си создал огромна предност на вчерашните квалификации, за што говори и остварениот резултат.

Хамилтон имаше речиси половина секунда побрзо време од она на Макс Ферстапен, но сето тоа сега пропаѓа во вода откако заработи дисквалификација за петочниот натпреварувачки ден и денеска со значајно заостанување ќе се обиде да направи пресврт во спринт-трката.

Казна од стјуардите заработи и Макс Ферстапен, но истата е само парична поради сомнежот кој го отворил Холанѓанецот веднаш по крајот на вчерашната сесија. Ферстапен извршил самостојна инспекција на ДРС крилото на Хамилтон, а поради прекршување на Ф1 протоколот, заработи парична казна од 50 илјади евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни