Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Оставете го Нуњез на мира, тешко е да се очекува…

Објавено

на

Дарвин Нуњез пристигна како големо засилување за Ливерпул прес стартот на оваа сезона, но напаѓачот од Уругвај не ги оправда очекувањата и од самиот почеток добива доста критики.

Тој не успеа на најдобар можен начин да се најде во новата средина, имаше средби на кои имаше големи промашувања и со тоа само дополнително се зголемуваше протисокот врз играчот кој требаше да биде соодветна замена за Садио Мане кој се пресели во Баерн Минхен.

Дарвин има учинок од 15 голови и 4 асистенции на 42 натпревари, но тоа за менаџерот Јирген Клоп не е проблем, поточно стратегот уште еднаш застана зад напаѓачот.

-Нормално е за напаѓачите да промашуваат шанси. Тоа му се случува на Салах, Халанд, па може и на Дарвин, Неговите 15 гола се солидни, но замислете колку би постигнал ако имавме подобра сезона како тим и освоиме 70 или 80 поени.

-Салах постигна повеќе од 40 голови во својата најдобра сезона, но тоа беше период кога игравме многу подобро. Тешко е да се очекуваат 20 или повеќе голови од напаѓачот во тим што не функционира. Потребно е време да се адаптира и немам проблем со тоа, -порала Јирген пред пресметката со Лестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни