Поврзете се со нас

Англија

Клоп им се извини на навивачите на Ливерпул и издвои двајца играчи на Арсенал кои направиле разлика во шампионската трка

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп им се извини на навивачите на Ливерпул и практично порача дека за неговиот тим биткта за титулата е практично загубена, откако „црвените“ вчера за првпат загубија на „Гудисон парк“ после цели 14 години.

„Црвените“ доживеаја пад во најкритичен момент од сезоната и дозволија Сити и Арсенал да бидат во пол-позиции во шампионската трка, па Клоп почувствува потреба да им се извини на навивачите на Ливерпул по поразот на Мерсисајд дербито.

– Ова не беше доволно добро од нас. Ја игравме играта која тие ја сакаа, им дозволивме да се случува тоа што го замислиле. Тие постигнаа два гола од прекин, а ние ја држевме топката.

– Ниту еднаш како тренер не загубив тука и сега чувството е поинакво. Навистина им се извинувам на навивачите за ова, не беше потребен ваков пораз. За жал, немаме многу време за мислење, веќе треба да мислиме на следниот меч против Вест Хем во раниот саботен термин, – изјави Клоп, кој во продолжение издвои две имиња на Арсенал, кои според него направиле голема разлика во битката за титулата оваа сезона.

– Ние имавме многу проблеми со повреди и играчи кои не се свежи. Не сакам да барам оправдувања, но навистина помага кога играте со исти играчи цело време, без да ротирате поради проблеми. Ќе ви дадам пример. Габриел и Салиба играат секогаш за Арсенал, одиграа многу натпревари заедно и ја имаат потребната цврстина. Ние моравме да се потпреме и на млади момци за кои Премиер лигата е нешто ново, – објасни Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни