Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кјелини: Челси е наш најлесен противник периодов

Објавено

на

Јувентус утре ќе го пречека актуелниот европски шампион Челси во натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите, а дуелот доаѓа во незгоден момент за домаќините кои се мачат со резултатите на почетокот на сезоната.

Сепак, капитенот Џорџо Кјелини вели дека натпреварот со Челси е најлесен за неговиот тим периодов.

– Утре ќе го одиграме најлесниот натпревар за нас изминатиов период.

– За овие големи натпревари се подготвуваме полесно, тензијата е голема и сите се максимално концентрирани во обидот да одиграат што подобро.

– Не само што го пречекуваме актуелниот европски првак, туку Челси го засили тимот откако ја освои титулата. Сигурен сум дека ќе одиграме добро, – изјавил Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни