Поврзете се со нас

Атлетика

Кенијците издоминираа, Ивановски избори подиум на Скопскиот маратон

Објавено

на

Повеќе од 11 илјади учесници беа дел од 19-то издание на Скопскиот маратон, а исто како и минатата година, истиот заврши со доминација на маратонците од Кенија.

Виктор Киплагат е победник на најновото издание на маратонот во македонската престолнина, откако пристигна прв на целта со време од 2 часа, 15 минути и 9 секунди.

Зад него заврши сонародникот од Кенија Чериот Лабан кој доцнеше речиси една минута (2 часа, 16 минути и 3 секунди), а на третото место заврши нашиот најдобар атлетичар.

Дарио Ивановски го заврши маратонот со време 2.19.08, со што очекувано беше најдобро пласиран Македонец на денешното издание.

Маратонот во женска конкуренција исто така беше издоминиран од претставничка од Кенија, бидејќи Рут Матебо беше најбрза со време 2.44.17, пред Мерси Кипкемои со 2.44.52 и Марија Врајиќ со време од 3.12.51.

Македонската атлетичарка Адријана По Арсова беше најбрза на втората најдолга делница во женска конкуренција, односно славеше на полумаратонот со време 1.21.19, завршувајќи пред Греша Бакрачи и Наиле Сеферај.

Полумаратонската трка во машка конкуренција му припадна на Британецот Бен Фелтон кој пристина на целта за 1.09.17, а на подиумот беа Велимир Бојовиќ и Леонид Вандевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни