Поврзете се со нас

Англија

Кејн се јави со проштално видео обраќање од Минхен: Ова е порака до фановите на Тотенхем……

Објавено

на

Хари Кејн вчера со две одложувања пристигна во Минхен и успеа да ги мине стандардните рутински прегледи, а откако ги завршил медицинските тестови, сега е на ред промоцијата во Баерн Минхен.

Пред да дојде до тоа, англискиот голгетер почувствува потреба да се обрати до играчите и навивачите кои беа како дел од него во изминатите две децении, па неговата порака до сите во Тотенхем не остави никого рамнодушен.

„Петлите“ од Северен Лондон се надеваа дека овој ден никогаш нема да дојде, но Кејн сепак заминува на 30 години и ќе се обиде да освои што е можно повеќе титули со Баерн Минхен.

– Здраво на сите, сакав да бидам прв кој ќе ви кажа дека си одам од клубот денеска. Многу емоции има кај мене во моментов, тажен сум што си одам од клубот во кој минав речиси 20 години. Од 11-годишно момче, до 30-годишен маж, имаше толку добри моменти и толку специјални спомени, спомени кои ќе ги носам со себе засекогаш.

– Ова е благодарност од мене до сите мои соиграчи низ годините, до моите тренери, до моите менаџери, до сите членови во клубот, од економот до шефовите, сите кои се инволвирани……. Имав специјална врска со многу луѓе во клубот, но најважно од се, посебна благодарност до фановите на Тотенхем, од првиот момент бев еден од вас и направив се што можам за да ве направам горди, почувствував дека е време да си одам, не сакав да влезам во сезоната со нерешена иднина и мислев дека е важно за менаџерот и за играчите да влезат во сезоната без гласини за мене.

– Им посакувам многу среќа на менаџерот Анге и на играчите, ќе ги следам и ќе бидам нивни фан и се надевам дека тимот ќе биде успешен. Ова е порака до сите фанови на Тотенхем, до сите фанови на светот кои ме поддржуваа и кои беа дел од моето патување. Јас и моето семејство никогаш нема да ги заборавиме моментите кои ги имавме. Ви благодарам, ќе ја гледам оваа сезона. Со среќа на Тотенхем, со среќа на клубот. Ова не е збогување, никогаш не знаеме како ќе се одвиваат работите во иднина, ова е благодарност за се, се гледаме наскоро, – порача Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни