Поврзете се со нас

Англија

Кејн им пресуди на „шумарите“ и дојде до третото место на вечната листа на стрелци во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Тотенхем успеа да дојде до трите посакувани бода на пресметката со Нотингем Форест во Премиер лигата, пресметка со која се затвори четвртото коло.

Избраниците на Антонио Конте славеа со 2-0 на „Сити Граунд“, а за тоа најголема заслуга има Хари Кејн. Англискиот репрезентативец даде два гола, но и промаши пенал што за него е прв нереализиран удар од 11 метри во шампионатот од 2018 година.

Првиот погодок падна во 5. минута, вториот во 81 со што Хари сега е на третото место на вечната листа на стрелци во ПЛ, пред него се само Алан Ширер и Вејн Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни