Поврзете се со нас

Шпанија

Касемиро обелодени зошто си оди од Реал и ја најави соработката со Роналдо

Објавено

на

Големиот борец, Касемиро по скоро една деценија си заминува од Реал Мадрид и прави трансфер во редовите на премиерлигашот Манчестер Јунајтед.

Бразилецот имаше се во Мадрид, беше стандарден првотимец, еден од клучните играчи за сите успеси во изминативе години, но едноставно се реши за промена која многумина изненади со оглед на тоа во каква состојба се наоѓа во Манчестер Јунајтед во овој момент.

Касемиро не се плаши и со нетрпение очекува да заигра во Премиер лигата.

-Кога ќе донесете голема одлука во вашиот живот, таа е секогаш важна. Откако ја освоив Лигата на шампионите, му кажав на мојот агент дека мислам дека го завршувам циклусот во Реал Мадрид. После одморот го имав истото чувство. Јас сум најсреќен на светот и мислам дека историјата е напишана.

-Барам нови предизвици, нови цели. Да пробам поинаква култура и клуб. Не сум освоил ништо таму и сакам да му помогнам на тимот како што направив овде. Јас сум полн со надеж. Имав чувство дека циклусот е завршен. Премиер лигата е натпреварување кое го сакам и сакав да играм таму. Ми требаше промена.

-Луѓето кои мислат дека заминувам по пари не ме познаваат. Да беше за пари ќе си заминав пред години. Клубот беше добар со мене и си заминувам да го завршам циклусот, -рече Касемиро кој се надева дека во Јунајтед ќе може да соработува со Кристијано Роналдо.

-Одам во Јунајтед, еден од најголемите тимови во светот кој се натпреварува со големината на Мадрид. Не сум разговарал со Кристијано Роналдо, но сакам да играм со него. Многу сум возбуден што ќе работам со него. Се надевам дека ќе остане. Тој е еден од најдобрите во светот, -порача засилувањето за „црвените ѓаволи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни