Поврзете се со нас

Македонија

Капитенот повторно во акција: Мицевски по четири месеци заигра за Вардар

Објавено

на

Екипата на Вардар имаше победнички старт на подготовките за новата сезона, поточно беше убедлив во пресметката со Тетекс со 3-0.

Николовски, Здравковски и Жоглев беа стрелци на погодоците за „црвено-црните“, но овој меч беше одбележан од враќањето на Дарко Мицевски.

Мицевски се повреди во текот на минатата сезона, беше надвор од терените дури четири месеци, ама сега се е во ред и најдобар доказ за тоа е настапот против „штофарите“ од Тетово.

-Нашиот капитен Дарко Мицевски по четири месечна пауза поради повреда се врати на теренот на вчерашниот подготвителен натпревар против Тетекс. Му посакуваме здравје и успешна сезона предводејќи го тимот во новите предизвици, -порачаа од Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни