Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело жестоко го нападна Роналдо по болната елиминација, критика испрати и Дел Пјеро (Видео)

Објавено

на

Порто имаше херојско издание на „Алијанц стадионот“ и со играч помалку успеа да направи голема сензација во Торино, елиминирајќи го фаворизираниот Јувентус кој имаше се во свои раце за да обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Гостите од Португалија добија црвен картон, Јувентус направи пресврт и поведе со 2:1, но сепак не успеа навреме да постигне трет кој ќе значеше пласман во следната нокаут рунда во најелитното натпреварување. Порто одбиваше да се предаде и јуначки се избори за дополнителни 30 минути игра со оглед на тоа што на „Драгао“ победи со 2:1, а во 115-та минута, Оливеира се претвори во херој и погоди од слободен удар.

Иако биеше навистина силно, погодокот за 2:2 оди на душа на двајца фудбалери на Јувентус, најпрво Кристијано Роналдо кој катастрофално реагираше во живиот-ѕид, а потоа и Шчесни кој доста лошо интервенираше. По мечот и новата болна елиминација во осминафиналето, италијанските медиуми не штедат критики за играта на Јувентус, но во прв план се најде главата ѕвезда на тимот на Пирло.

– Првиот гол на првиот меч беше подарок за Порто, имаше големо невнимание при вториот примен гол, такви голови не смеете да примите. Пеналот од оваа вечер е нов подарок, Демирал направи голема грешка, но најголемата дојде на крајот. Кристијано Роналдо се сврте со грб во живиот-ѕид и топката му пројде под нозе. Тој што стои во живиот-ѕид, не смее да се плаши да не биде удрен, не смее да се плаши од топката. Ова е непростлива грешка, нема никакво оправдување за ова, – порача Фабио Капело, а критики имаше и легендата на Јуве, Алесандро Дел Пјеро.

– Секако дека Кристијано има огромна одговорност за ова. Тој е лидерот на овој тим и мора да сноси одговорност. Немаше шанси, но не го реализираше и ударот со глава кој обично го реализира. Јувентус играше повеќе од еден час со играч повеќе, вината не може да биде само на Кристијано, – изјави Дел Пјеро, додека Капело ја искористи оваа прилика за да ја истакне работата која ја извршуваше Масимилијано Алегри, а за која никогаш не доби потребна почит.

– Алегри го правеа злосторник, а тој дојде до две финалиња во Лигата на шампионите, лесно ги освојуваше првенствата во Италија. Тоа што го правеше, никој не сакаше да го признае. Се велеше дека на Јувентус му треба поинаков фудбал. Кога се случува ова, треба да се нагласат и овие работи. Секоја промена не носи позитивни работи, така испадна со Јуве, – заврши Дон Фабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни