Поврзете се со нас

Свет

Канзас Сити е прв женски тим со сопствен стадион, ќе ја брка американската титула со двајца Македонци на клупата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/thekccurrent

Почетокот на новата сезона во женската американска фудбалска лига е посебно интересна поради фактот што прв фаворит за титулата е Канзас Сити Карент, тимот кој уште денеска ќе игра првпат на својот целосно нов стадион, а ќе биде предводен од македонско дуо во стручниот штаб.

Канзас Сити е првиот женски тим во светот кој доби сопствен стадион, а сопствениците, меѓу кои и НФЛ ѕвездата Патрик Махоумс, вложија околу 120 милиони долари во изградбата, која е комплетирана и со тренинг центар кој беше активиран претходно.

Шампионските амбиции се надополнети со ангажманот на Влатко Андоновски, македонскиот стручњак кој до неодамна беше американски селектор, а сега се врати во градот каде ги постигна најголемите успеси и освои две титули со истата франшиза која сега има нови сопственици.

Каква доверба има раководството во родениот скопјанец е фактот што тој истовремено е и спортски директор на клубот.

Андоновски има солиден тим на располагање, а во својот стручен штаб го ангажираше и Љупчо Кметовски, поранешниот голман кој освојуваше трофеи со неколку македонски екипи, пред да продолжи како тренер на голманите во неколку клубови. Кметовски во 2018 година го придружуваше Андоновски во Сиетл и таму остана и по заминувањето на идниот американски селектор, а сега повторно ќе соработува со својот сонародник.

Канзас Сити денеска од 18 часот го пречекува Портланд на новиот „Си-Пи-Кеј-Си“ стадион, чиј капацитет е 11.500 гледачи и сигурно ќе биде исполнет до последното место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни