Поврзете се со нас

Италија

Јувентус засега без формула за трансфер на Локатели, бара на заем и фудбалер на Манчестер Сити

Објавено

на

Мануел Локатели и останува најважна цел на Јувентус овој преоден рок, а тоа нема да го наруши и фактот што денеска „бјанконерите“ не постигнале договор со Сасуоло.

Официјалната средба на двете страни не завршила со договор и покрај желбата на Локатели да се пресели во Јувентус, но останува оптимизмот дека двете страни ќе постигнат компромис.

Сасуоло повторно побарал 40 милиони евра, додека Јувентус побарал заем во првата година со обврска договорот да биде откупен за 30 милиони евра.

Едната страна бара пониска цена, другата поразлична формула, па останува наредниот период да се угосласат за реализација на трансферот на италијанскиот репрезентативец.

Истовремено, Јувентус побарал од Манчестер Сити да го добие на заем Габриел Жезус, исто така со опција за откупување на неговиот договор следното лето.

Сити бара околу 60 милиони евра за Бразилецот, сума која е недостижна за Јувентус ова лето, но Пеп Гвардиола може да му дозволи заминување на својот офанзивен фудбалер ако не планира да му обезбеди поголема минутажа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни