Поврзете се со нас

Италија

Јувентус прокоцка бодови во Беневенто, Мората заработи црвен по крајот на средбата (Видео)

Објавено

на

Јувентус уште еднаш ги разочара фановите со настапот во Серија А, освојувајќи само бод на гостувањето кај Беневенто (1:1).

Гостите доминираа во текот на цел натпревар, но повторно не најдоа начин како да го скршат отпорот на противникот, кој се покажа како цврст орев за избраниците на Андреа Пирло.

Алваро Мората постигна гол во 21. минута, по одличната асистенција на Киеза и тоа беше позитивен сигнал за Јувентус, кој во меѓувреме не реализираше и вторпат откако Дибала промаши зицер.

Казната стигна во судиското надополнување, во кое Артур лошо исфрли една топка, а Летиција успеа да го совлада Шчесни.

Во вториот дел, Јувентус се обидуваше да постигне и втор гол, Пирло направи и неколку замени, но Беневенто ги сочува за него одличните 1:1.

За лошата сликата да биде дополнета се погрижи Мората, кој по последниот судиски свиреж му дофрли нешто на судијата Пасква, а овој му покажа директен црвен картон, што значи суспензија на најмалку еден натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни