Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јовиќ и Шундовски се минато, Еурофарм Пелистер доби привремен тренер

Објавено

на

Актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер ја заврши приказната со Александар Јовиќ и Звонко Шундовски, тандемот кој успеа да го врати клубот на врвот во македонскиот ракомет, поточно да му ја донесе првата лигашка титула по голема пауза.

Меѓутоа работите во оваа сезона не се како што сите посакуваа во Битола, клубот ги загуби сите мечеви во Лигата на шампионите, доживеа пораз од Вардар во Супер Купот на Македонија, а воедно е и зад црвено-црните“ во Б групата во Суперлигата.

Токму поради ова реагираше управата на пелистерци која го разреши Јовиќ од функцијата прв тренер, додека пак Шундовски се повлече од улогата тим менаџер од морални причини.

Во наредниот период додека се најде нов тренер, тимот ќе го води нашата легенда Бранко Ангеловски е спортски директор на „фармацевтите“.

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Пелистер веќе утре има нова задача во ЛШ, соочување со полскиот великан Кјелце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни