Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски објасни зошто го повика Хап на местото на Шортс

Објавено

на

Александар Јончевски ги избра кошаркарките на кои ќе смета на двата натпревари со кои ќе бидат отворени квалификациите за Евробаскетот, но македонскиот селектор посебен фокус става на првиот меч кој за него е убедливо најзначаен.

Македонските кошаркари денеска ги започнаа подготовките и се собраа во СРЦ „Кале“, сето тоа како увертира за премиерниот натпревар против Естонија кој го играме на домашен терен на 23-ти февруари (петок).

– Има четири екипи во групата, од кои само една нема да оди понатаму. Ако направиме математика дека Полска како домаќин сигурно оди понатаму, а дека Литванија децении нема пропуштено Европско првенство, шансата ни е со Естонија. Првиот натпревар е на домашен терен и тој е најважниот натпревар без разлика на циклусот кој трае цела година. Овој натпревар ќе реши многу работи за понатамошниот настап, – порача Јончевски.

– Без разлика што и да се случи, нема да биде порелаксирано и понатаму. Доколку ме прашате мене било каков триумф е задоволителен бидејќи се работи за една репрезентација која е во подем. Естонија има се повеќе интернационалци во својот состав, можеби оваа година и бројот на овие играчи е најголем, тие имаат девет интернационалци кои настапуваат во силните европски лиги. Тоа е репрезентација која можеби ќе атакува и на многу повисок пласман, отколку само настап на Европско првенство. Како и да е, имаме свои адути, играме на домашен терен и верувам дека атмосферата која што ќе биде направена во „Кале“ ќе биде на едно задоволително ниво. Играчите ќе дадат максимум и тоа ќе биде мотив плус и шанса за позитивен исход, – додава селекторот, кој даде и објаснување зошто не го повика Ти-Џеј Шортс, играчот кој беше клучен за нас на претквалификацискиот турнир.

– Ти Џеј Шортс нема да биде во овој прозорец. Не сме се откажале од него, тој беше еден од најзаслужните во претквалификациите, но затоа што сме дефицитарни на високите позиции без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес, бевме принудени да се одлучиме за Хап кој и претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку изнудена одлука, – објасни Јончевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни