Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ откри што му е најголем товар: Нема да користам телефон кога ќе ја завршам кариерата…

Објавено

на

Првата ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ќе биде дел од шоуто, Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити каде на паркетот ќе ги видиме најдобрите играчи од НБА лигата.

Познато е дека Србинот сака да се забавува на ваквите настани, па во пресрет на тоа што следува тој имаше соочување со јавноста, новинарите при што имаше можност да одговори на различни и интересни прашања. Јокиќ беше запрашан кој соиграч би го спасил и би сакал да е заедно ако дојде до апокалипса.

-Влатко Чанчар. Влатко пред се е еден од моите најдобри пријатели. И можеби Арон Гордон, ние би ја искористиле неговата сила ако треба нешто да се носи, ако треба да фатиме животно за јадење или слично, -рече Јокиќ кој потоа порача дека ќе го остави телефонот кога ќе ја заврши кариерата, но и откри што му е најголем товар.

-Нема да гоо користам телефонот кога ќе ја завршам кариерата, можам да издржам без сето тоа, само ми треба јутјуб, да можам да ги гледам трките со коњи. Тоа е тоа. Медиумите и славата му се најголем товар, -порача Никола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни