Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ и соиграчите прокоцкаа голема предност, Сан Антонио го шокираше Денвер во најлош момент (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/spurs

Денвер испушти предност од 23 поени на дуелот со Сан Антонио и загуби во драматична завршница, компликувајќи си ја работата во финишот на регуларниот дел од НБА сезоната.

Никола Јокиќ и соиграчите имаа предност пред ривалите на првото место на Западот, но неочекуваниот пораз од Спарс сега донесе три екипи со ист ефект на еден натпревар до крајот.

Јокиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл (22 поени и 12 скокови), но промаши во клучен момент, отворајќи контра на Сан Антонио, по која Девонте Греем ги постави конечните 121:120 и предизвика лудница во арената на Спарс.

Виктор Вембанјама издоминира во победничкиот тим, постигнувајќи 34 поени во комбинација со 12 скокови, предводејќи го најслабиот тим на Западот во победата над конференцискиот лидер и актуелен НБА шампион. Најефикасен на натпреварот бил Мареј од екипата на Денвер со 35 поени.

Филаделфија – Орландо 125:113
Вашингтон – Чикаго 127:129
Бостон Шарлот 131:98
Кливленд – Индијана 129:120
Њујорк – Бруклин 111:107
Мемфис – Л.A Лејкерс 120:123
Мајами – Торонто 125:103
Минесота – Атланта 109:106
Оклахома – Милвоки 125:107
Сан Антонио – Денвер 121:120
Далас – Детроит 89:107
Голден Стејт – Њу Орлеанс 109:114
Портланд – Хјустон 107:116
Л.A Kлиперс – Јута 109:110
Сакраменто – Фeникс – 107:108

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни