Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го привлече вниманието со својот имиџ, Денвер го спореди со лик од анимиран серијал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

НБА ѕвездите знаат да се истакнат со својот избор на облека на денот на натпреварите, но Никола Јокиќ ретко е дел од ова ексцентрично друштво.

Првата ѕвезда на Денвер утринава сепак го предизвика вниманието со својот имиџ при пристигнувањето во арената на Нагетс, а тоа го потенцираше и неговиот клуб преку социјалните мрежи.

Со својот имиџ, Јокиќ потсети на Гру, главниот јунак во анимираниот серијал „Despicable me“, па фотографијата брзо стана вирална.

– Ќе игра кошарка или ќе ја краде месечината? – прашува Денвер, алудирајќи на анимираниот херој кој имаше поинаква опсесија од НБА ѕвездата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни