Поврзете се со нас

Светски првенства

Јарни ги предупредува сонародниците: Аргентинците играат грубо и сакаат да провоцираат

Објавено

на

Комплетниот фокус на целата фудбалска јавност е насочен кон Катар каде денеска започнуваа полуфиналните битки, а првата е онаа меѓу Аргентина и Хрватска, две селекции кои загубија во финалињата на последните два мундијали во 2014 и 2018 година.

Средбата во Лусаил започнува во 20 часот со тоа што во меѓувреме имаме многу коментари, анализи, предвидувања за тоа што може да се случи и што ќе гледаме. Со свое видување се јави и Роберт Јарни, членот на легендарната хрватска репрезентација од 1998 година кој ги предупреди сонародниците да очекуваат нечиста игра од „гаучосите“.

-Она што можам да го кажам за Аргентина е дека сакаат да провоцираат. Ги провоцираат противничките играчи за да реагираат и да добијат исклучување. Во нивната земја играат многу тежок фудбал со многу стартови на нозете на играчите. Тоа е нивниот стил. Нашето е друго, па се надевам дека нема да паднеме во нивната замка, -рече Јарни кој се надева на победа и потоа одмазда во финалето против Франција.

-Се разбира, сите ние во Хрватска сакаме да се одмаздиме за тоа. Но, потребно е да се оди чекор по чекор. Треба прво да ја елиминираме Аргентина и тоа ќе биде убав натпревар за гледање, -порача Роберт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни