Поврзете се со нас

НБА

Јанис со брутално издание му се закани на Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Според последните прогнози, Никола Јокиќ се уште е благ фаворит за одбрана на МВП признанието во НБА лигата, но тоа може брзо да се промени ако Јанис Адетокумбо продолжи со изданија како овие во последно време.

Популарниот „Грик-Фрик“ игра брутално добро и доминира во победничката серија на Милвоки, тим кој денеска оствари сигурна победа над Њу Орлеанс токму поради блесокот на Јанис.

Адетокумбо со неверојатната партија испрати своевидна закана до Јокиќ кога е МВП трката во прашање, бидејќи запиша 50 поени и 13 асистенции во победата од 135:110.

Со ова, Јанис само потврди дека повредата на коленото ја остава зад себе и со полна пареа оди во борбата за трета МВП титула во својата кариера.

На останатите два меча кои се одиграа во Америка рано утрово, Мемфис ја победи Индијана со 112:110, а Кливленд беше подобар од ЛА Клиперс со 122:99.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни