Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски со уште едно двоцифрено издание, Вашингтон Стејт „гази“ се пред себе (ВИДЕО)

Објавено

на

Вашингтон Стејт и Андреј Јакимовски редат победи во НЦАА лигата, а нивна последна жртва беше екипата на Калифорнија која беше совладана со 19 разлика (84:65).

„Кугарс“ го надиграа противникот во двете полувремиња, па така првиот дел заврши со резултат 36:24, вториот со 48:41. Ова за Вашингтон Стејт беше шесто славје во низа и во истото нашиот репрезентативец Јакимовски имаше учинок од 12 поени, 6 скока и по 1 асистенција и украдена топка.

Севкупно гледано Андреј ја игра најдобрата сезона и во просек реализира по 10,4 поени, 5,5 скока и 1,5 асистенции.

Со учинок 19-6, Јакимовски и другарите се наоѓаат на второто место зад Аризона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни