Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ: Нема ништо од оваа сезона, Американците сакаат да играат само поради пари

Објавено

на

Некогашниот освојувач на Вимблдон и сегашен тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ не верува дека ќе продолжи оваа тениска сезона.

Тенисот поради коронавирусот веќе неколку месеци е во прекин со тоа што се најавува дека истата би можела да продолжи, па дури и да се одржат двата големи турнири, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен.

-Јас стојам на моето дека нема ништо од оваа сезона. Ју-Ес Опен сака да се игра само поради пари. Условите се екстремни, има премногу правила за да стигнете таму … Мора да спиете на аеродромот два месеци, да се тестирате на два дена.

-Проблемот е што ако еден играч се зарази повеќе не е до АТП, амаако еден играч се зарази тогаш Трамп може да дојде и да рече: „Аха сите тенисери се заразени“. Ако некој ми кажеше пред пет месеци дека целиот свет ќе запре, ќе му кажев дека е луд. Кога дојдов во Белград, заборавив на корона, сите се среќни, сите се задоволни, -вели Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни