Поврзете се со нас

Италија

Италијанската Федерација објави како ќе му оддаде чест на Виали (Фото)

Објавено

на

Фудбалска Италија ова утро се разбуди со многу лоша вест, бидејќи од Лондон пристигна веста која не сакаше да ја слушне ниту еден фудбалски фан од чизмата.

Џанлука Виали за жал ја загуби втората битка со ракот на панкреасот и денеска почина на 58-годишна возраст, неполн месец откако ја информираше јавноста дека се повлекува од улогата на помошник во италијанската фудбалска репрезентација.

Виали остави длабока трага во италијанскиот фудбал и беше омилен во актуелната репрезентација која ја води Манчини, па со огромно жалење се јавија и од Федерарцијата која е обоена во црно.

Претседателот Гравина експресно инфорираше дека сите натпревари во Серија А од следната рунда ќе започнат со едноминутно молчење во чест на Виали, кој покрај тоа што беше неверојатен фудбалер, ќе се памети и како исклучително добар човек и хуманист.

– Длабоко сум потресен и навистина тажен, до последно се надевав дека ќе може да направи уште едно чудо. Единствено ме теши сигурноста дека никогаш нема да се заборави она што го направи за италијанскиот фудбал и дресот на „аѕурите“.

– Не е потребно да се трошат зборови во вакви моменти. Џанлука беше прекрасна личност и остава непремостлива празнина, во националниот тим и кај сите оние кои ги ценат неговите извонредни човечки квалитети, – порача првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гравина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни