Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг се извини и се враќа во ростерот на Бруклин

Објавено

на

Кајри Ирвинг пропушти осум натпревари во НБА лигата, но се очекува уште вечерва да се врати во ростерот на Бруклин Нетс.

Ирвинг беше суспендиран од клуб поради скандалот кој го предизвика, јавно промовирајќи филм со анти-семитски пораки, за што подоцна одби да се извини.

Но, во меѓувреме НБА ѕвездата била на серија разговори и советувања, како и на состаноци со првиот човек на лигата, Адам Силвер и претставници на еврејската заедница.

– Не сакав да навредам одредена личност или заедница.

– Не застапувам говор на омраза, анти-семитизам или што и да е против човечката раса. Истовремено, за мене ова е голем момент бидејќи сфатив колку е моќен мојот глас, – изјавил Кајри.

Ирвинг треба да настапи на дуелот меѓу недела и понеделник против Мемфис, со што Бруклин ќе добие големо засилување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни