Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг го влече Далас без Дончиќ, Адетокумбо го суреди и вториот тим од Лос Анџелес (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/nypost

Тимот на Далас Маверикс оствари уште една гостинска победа во НБА лигата и тоа одново без услугите на првата ѕвезда Лука Дончиќ.

Меѓутоа затоа тука сега е Кајри Ирвинг кој и во вториот меч за новиот тим беше вистински лидер, овојпат на гостувањето кај Сакраменто Кингс каде беше остварен триумф од 122-114. Гостите имаа пеколна прва четвртина во која се стекнаа со предност од 20 разлика (45-25), па водени од таа енергија, самодоверба го одработија до крај тоа по што беа дојдени во домот на „кралевите“.

Кајри имаше дабл-дабл од 25 поени и 10 асистенции, но двоцифрени беа уште и шест негови соиграчи.

Кај поразените плејмејкерот Фокс беше автор на 33 кошеви.

Јанис Адетокумбо пак за краток временски период ги реши двата тима од Лос Анџелес. Прво му уфрли 38 поени, 10 скока и 6 асистенции на Лејкерс, додека рано утрово 35 поени, 8 скока и 6 асистенции на Клиперс.

Неговиот тим во двата случаи славеше со тоа што во овој вториот тоа беше со резултат 119-106. Најголема поддршка за Гркот беа Лопез со 22 поени и 15 скокови и Холидеј со 19 кошеви.

Главните играчи на Клиперс потфрлија, па најефикасен беше Бостон Џуниор со 20 кошеви.

НБА, резултати:

Детроит – Сан Антонио 138:131 (прод.)
Индијана – Финикс 104:117
Филаделфија – Њујорк 119:108
Бостон – Шарлот 127:116
Торонто – Јута 116:122
Мемфис – Минесота 128:107
Мајами – Хјустон 97:95
Њу Орлеанс – Кливленд 107:118
Портланд – Оклахома 129:138
Сакраменто – Далас 114:122
Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 106:119

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни