Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг блескаше против Јута, Шрудер со клучен потег за победа на Лејкерс (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ оствари дабл-дабл учинок против Мајами, а Далас ја прекина негативната серија со убедлива победа на домашен терен.

Словенецот уфрли 32 поени, а имаше и 12 скокови и 7 асистенции, па Маверикс остварија победа по три врзани порази во НБА лигата. Кај Мајами најдобар реализатор бил Оладипо со 20 поени.

Л.А Лејкерс успеа да го победи Мемфис во драматична завршница и во четврти период во кој домаќините постигнаа 41 поен за пресврт и важен триумф.

Клучниот момент во финишот го направи Шрудер, кој украде топка и избори 2+1 ситуација на спротивната страна, по што средбата заврши со резултат 122:121.

Вестбрук со 29 и Џејмс со 23 поени биле предводници на Лејкерс, додека Морент со 22 поени ги предводел поентерите во редовите на Гризлис.

Феноменален настап имал и Кајри Ирвинг, постигнувајќи 48 поени со кои Бруклин обезбеди гостинска победа над Јута.

Орландо – Њу Орлеанс 123:110
Атланта – Њујорк 139:124
Кливленд – Голден Стејт 114:120
Далас – Мајами 115:90
Сан Антонио – Л.A Клиперс 126:131
Сакраменто – Оклахома 118;113
Денвер-Индијана 134:111
Јута-Бруклин 106:117
Л.А Лејкерс-Мемфис 122:121

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни