Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Интер го прегази Плзен за осминафинале, Барселона ќе игра Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Интер не дозволи никаква драма на дуелот со Викторија Плзен и го победи чешкиот ривал со убедливи 4:0 во дуелот од групната фаза на Лигата на шампионите.

Италијанскиот состав на овој начин си обезбеди место во осминафиналето на елитното натпреварување, истовремено испраќајќи ја Барселона во Лига Европа.

Резултатот го отвори Мкхитарјан во 35. минута, Џеко зголеми седум минути подоцна, а Интер постигна уште два гола во вториот дел.

Џеко повторно се запиша во листата на стрелци во 66. минута, а до крајот имаше време со гол фановите да ги поздрави и повратникот Лукаку, кој настапи првпат по долгата пауза поради повреда.

Интер на коло до крајот има шест бода повеќе од Барселона и сигурна втора позиција поради подобриот меѓусебен дуел со шпанскиот ривал.

На вториот натпревар, Бриж загуби од Порто со 0:4 пред своите навивачи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни