Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги: Интер ги надмина сите очекувања во ЛШ

Објавено

на

Екипата на Интер не дозволи никакво изненадување и со убедлива победа над Плзен од 4-0 го потврди пласманот во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

„Нероаѕурите“ завршија огромна задача во двомечот со Барселона, па против чешкиот шампион мораше да ја заокружи таа приказна на место во наредната рунда на елитното натпреварување. Во таборот на составот од Милано се презадоволни од овој резултат затоа што успеаа да ја минат таканаречената група на смртта во која беше уште и Баерн Минхен.

-Се надевавме! Знаевме дека е многу тешка група, ги надминавме очекувањата и овие играчи заслужуваат голем аплауз. Требаше да направиме нешто посебно за да ја постигнеме оваа прва цел што ја поставивме за сезоната. Растевме натпревар по натпревар и двете средби со Барселона навистина ни ја подигнаа самодовербата. Среќни сме за сите околу Интер, -порача тренерот Симоне Инѕаги.

Интер во последното коло му гостува на Баерн, меч кој е само за престиж затоа што не може да донесе промена на позициите на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни