Поврзете се со нас

Англија

Илиев се збогуваше со Арсенал: Еднаш „топчија“, засекогаш „топчија“…

Објавено

на

Премиерлигашот Арсенал денеска официјално ја потврди разделбата со македонскиот голман Дејан Илиев, кој го напушта клубот по десет години.

Илиев беше селектиран од „топчиите“ поради својот потенцијал уште во периодот кога последен збор за трансферите имаше Арсен Венгер, но не доби шанса да го потврди квалитетот во сениорскиот тим.

Во меѓувреме настапуваше како позајмен играч во повеќе клубови, меѓу кои и словачкиот Серед како последна авантура на Илиев.

– 26-годишниот Илиев стана наш член во септември 2012 година од македонскиот клуб Беласица, развивајќи се во нашата академија и имајќи една од клучните улоги во освојување на У-23 титулата во сезоната 2017/18, во која имаше осум настапи, од кои шест без да прими гол, – стои во соопштението на Арсенал.

Самиот Илиев денеска преку социјалните мрежи се збогуваше со Арсенал, објавувајќи за себе важни фотографии и пораката „Еднаш „топчија“, засекогаш „топчија“…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни