Поврзете се со нас

Свет

Играчот кој со „четворка“ го реши Реал: Меси е Бог, поради него плачев…

Објавено

на

Џирона направи големо изненадување и го совлада Реал Мадрид со 4-2 во мечот во Примера, меч во кој херој на домаќините беше Тати Кастелјанос.

Напаѓачот кој се посрамоти на мечот со Барса постигна четири гола против Реал (Видео)

Кастелјанос го имаше натпреварот на негавата кариера и дури четири пати ја затресе мрежата на актуелниот шпански и европски шампион, па ова дефинитивно ќе го памети додека е жив. Секако поради ваквото издание се најде во фокусот на светската јавност, па притоа призна дека повеќе ја сака Барселона од Реал и тоа поради една причина-Лионел Меси.

-Отсекогаш повеќе ми се допаѓала Барселона од Реал поради Лионел Меси. Тој е идол за мене. Отсекогаш сум уживал во неговите натпревари, не знам дали го гледал вчерашниот натпревар. Зборуваме за најдобриот играч во светот. Тој е Бог за нас Аргентинците. Поради него плачев на Светското првенство, -истакна Тати за „Хихантес“.

Аргентинецот има постигнато 11 гола за Џирона во Примера во актуелнава кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни