Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ го реши Наполи и влезе во историјата на Серија А (ФОТО)

Објавено

на

Милан издвојува победа над Наполи од 3-1 во средбата од Серија А, победа за која најзаслужен беше ветеранот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ беше автор на два гола за „росонерите“ во 20 и 54 минута, а тоа беше доволно за да влезе во историјата на Калчо лигата. Тој сега е најстариот играч што успеал да даде најмалку 10 гола по првите осум рунди од најсилниот италијански шампионат.

Досега овој рекорд го држеше Силвио Пиола поставен во 1942/43 кога споменатиот играч имал 29 години.

Воедно Ибра стана четвртиот играч кој успеал да стрела во првите шест мечеви од сезоната во Серија А. Претходно тоа го направиле Габриел Батистута со Фиорентина во 1994-1995, Кристијан Виери со Интер во 2002-03 и Кшиштоф Пјонтек со Џенова во кампањата 2018-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни