Поврзете се со нас

Англија

И „ладниот“ Сунес не можеше да ги задржи солзите: Вијали беше прекрасна душа, само еднаш да си бил во негово друштво…

Објавено

на

Светот на фудбалот остана уште една едно големо име-тоа е италијанската легенда Џанлука Вијали кој ја загуби битката со ракот.

Вијали како голем борец еднаш ја победи оваа болест, но потоа истата се врати и му зададе удар кој не можеше да го издржи. Многу познати луѓе, клубови и фудбалски величини денеска се огласија и му оддадоа почит на човекот кој во својата играчка и тренерска кариера работеше во Италија и Англија.

Еден од оние кои одблиску го познаваа беше Грем Сунес на кого дефинитивно тешко му падна смртта на Џанлука, па иако важи за силен, ладен човек не можеше да ги задржи солзите при обраќањето за „Скај Спортс“.

-Не можам да ви кажам колку добар човек беше. Заборавете на фудбалот за минута, тој беше прекрасна душа, беше навистина убаво човечко суштество. Отидов во Италија кога имав 31 година, а тој имаше 20 и едноставно беше чудесно да се има наоколу. Беше толку забавно момче, беше толку топол поединец и прекрасен играч. Ако еднаш си бил 10-15 минути во негово друштво, мислам дека го паметиш цел живот. Тој беше посебна личност.

-Јас не сум доктор, но кога го погледнав помислив дека видов човек кој сè уште се бори кога беше тука на ЕП. Мислам дека тоа е толку типично за него што го чуваше толку приватно, толку лично и го презеде како што јас би очекувал да го преземе. Тоа беше негова борба, сакаше сам да се справи со тоа. Тој не сакаше да ги оптоварува другите луѓе со тоа, -вели Сунес кој со Италијанецот беше заедно со Сампдорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни