Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватскиот селектор издвои еден играч по страшната победа над Шпанија: Треба да му се изгради споменик!

Објавено

на

Хрватската селекција пристигна на германско тло без некои поголеми амбиции за највисок пласман и првпат се гледаше на неа како фаворит од трет или четврт ред, но првото издание на избраниците на Горан Перковац ги импресионираше сите ракометни аналитичари ширум Европа.

Хрватите ја декласираа Шпанија и им нанесоа историски пораз од десет разлика на противниците во црвени дресови, па селекторот Перковац посочи дека на „фуријата“ нема да и било од помош и да играла со осум играчи во поле.

– Сите честитки ги проследувам до играчите, горд сум на нив. Не знам дали некој ја добил Шпанија со плус 10. Кога играме ваква одбрана, тешко дека некој ќе не пробие. Ова е голема победа, но треба да се стиши еуфоријата. Добивме први два поени, сега не чекаат уште два натпревари. Ќе славиме 30 минути, а потоа ќе мислиме на следниот ривал.

– Шпанците можеа да играат и со осум играчи во поле, можеа да играат и 8 на 6, но немаше да им значи ништо. Ова беше уметност од ракомет, но нема да застанеме тука. Имаме уште многу работа и знаеме што треба да правме, – изјавил Перковац, кој не штедел комплименти и за капитенот Домагој Дувњак кој имаше епизодна улога во победата од 39:29.

– Горди треба да бидат родителите на Дувњак, извонредно воспитан човек. Тој живее за оваа репрезентација и живее за Хрватска. Има неверојатно големо срце, ги сака сите, цела држава и сите во репрезентацијата. Дуле ќе се жртвува за сите, ако треба да игра една минута, тоа ќе го направи извонредно. Презадоволен сум што го имам во тимот, ми помага на мене, на играчите на сите живи што се тука. За се што оствари во животот, треба да му се изгради споменик во Хрватска. Тој го заслужи тоа, Дуле е институција, – нагласил хрватскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни