Поврзете се со нас

Англија

Хоџсон потпиша нов договор со Кристал Палас и даде едно амбициозно ветување

Објавено

на

Искусниот англиски стратег, Рој Хоџсон ќе го предводи премиерлигашот Кристал Палас и во натпреварувачката 2023/2024.

Тој се врати на кормилото на клубот од Лондон во месец март и тоа по катастрофалната серија на екипата под водство на Патрик Виера. Екипата немаше победа на 12 мечеви во низа во сите натпреварувања, а по доаѓањето на Рој се се промени, резултатите беа фантастични и на крајот тимот заврши на 11 место во Премиер лигата.

-Неизмерно сум задоволен и горд што го продолжувам моето време во Кристал Палас и би сакал да му се заблагодарам на претседателот и спортскиот директор за нивната постојана верба во мене. Знам каков фантастичен тим имаме овде. Тоа е одличен спој на младост и потенцијал, заедно со искусни играчи со прволигашко и интернационално педигре, -истакна Хоџсон кој вети дека Кристал Палас ќе биде во првата половина на табелата во новата сезона.

-Зборував долго со претседателот и се согласивме дека мора да бидеме амбициозни да извлечеме максимум од таквиот талент. Како такви, си поставивме цел да завршиме во првата половина на табелатта што веруваме дека е еминентно остварливо со ваква прекрасна група играчи и најпрекрасните навивачи кои застануваат зад тимот, од недела во недела, заклучи 75 годишниот стручњак.

Инаку Рој е поранешен играч на Палас, ас кој веќе го водеше клубот од 2017 до 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни