Поврзете се со нас

Италија

Хет-трик на Имобиле во новата победа на Лацио, Рома од пенали ја среди Фиорентина (ВИДЕО)

Објавено

на

Рома и Лацио го оправдааа статусот на фаворити и славеа над Фиорентина и Верона во вечерашните средби од 36. коло во Серија А.

„Волчицата“ беше подобра од Фиорентина со 2-1 и се зацврсти на 5. место на прволигашката табела. Верету беше двоен стрелец, двапати прецизно изведе удари од 11 метри во 45 и 87 минута, додека пак за „виолетовите“ погоди Милинковиќ.



Лацио како гостин ја понижи Верона со 5-1 иако домаќините први го отворија резултатот преку Амрабат. Меѓутоа најдобриот напаѓач на лацијалите Имобиле беше расположен и во продолжението реализираше хет-трик, плус стрелаа Милинковиќ-Савиќ и Кореа за голема победа на избраниците на Инѕаги со која се израмнија по бројот на бодови со Аталанта (75).

Имобиле со вечерашнава партија дојде до бројката од 34 голови што е за четири повеќе во однос на второпласираниот Роналдо.






Останати мечеви: Калјари-Удинезе 0-1 (Несторовски ги одигра последните 20 минути) и СПАЛ-Торино 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни