Италија
Херојот на Јувентус: Долго време го чекав овој момент (ВИДЕО)

Составот на Јувентус се избори за уште една дерби победа на гостински терен и тоа на „Артемио Франки“ во Фиренца каде ја совлада Фиорентина со 1-0.
Погодокот вреден три големи бода за „бјанконерите“ беше дело на младиот Фабио Мирети за кого ова беше прв гол за великанот.
-Долго го чекав овој момент и конечно дојде. Најважно беше да ги донесеме трите бода дома. Се надевам дека сега ќе дојдат уште голови. Она што го барам е одредена конзистентност во моите настапи, а тоа значи и голови, -порача 20-годишниот Мирети.
Интересно е тоа што и легендата на Јуве, Клаудио Маркизио својот прв гол за клубот исто го има постигнато во триумф над Фиорентина со 1-0.
-Клаудио неколку пати ми пиша за да ме охрабри и јас му благодарам. Оваа случајност исто така прави да изгледа поубав момент, -рече Фабио кој не размислува за Скудетото иако тие како група се на втората позиција со само два бода помалку од Интер.
-Треба да собереме што е можно повеќе бодови за да останеме во првите четири, а потоа ќе видиме до каде сме во мај -заклучи Мирети за „ДАЗН“.
-
Англијапред 14 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 22 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 16 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 18 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 23 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 15 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Балканпред 16 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Шпанијапред 24 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)