Поврзете се со нас

Македонија

Хендави промовиран во Пелистер: Екипата е на одлично ниво, ќе уживам во ракометна Македонија

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Работник официјално го промовираше најновото засилување, а тоа е голманот Карим Хандави.

Уште пред неколку недели стана јасно дека репрезентативецот на Египет доаѓа во Битола, но се чекаше да заврши Светското првенство, па откако Карим заврши со тие обврски пристигна во Македонија во новата средина.

На Хандави му е драго што доаѓа во земја во која ракометот е спорт број еден и се надева дека ќе му помогне на Пелистер во остварување на зацртаните цели.

-Многу ми е драго што потпишав за Еурофарм Пелистер. Ова е значаен чекор за мене. Доаѓам во клуб со многу добри играчи, добар тренер, многу добар тим. Екипата е на одлично ниво и се надевам дека ќе помогнам.

-Ги познавам сите ракометари на Еурофарм Пелистер и знам дека македонската репрезентација е многу добра. Играв против Македонија уште во 2013 година во два пријателски натпревари. Ја знам историјата на репрезентацијата, имате добри пласмани на Европските шампионати. Ракометот во Македонија е популарен, многу луѓе сакаат ракомет и се надевам дека ќе уживам тука, -рече Хандави кој се осврна на двата европски дуели со унгарска Татабања.

-Ќе биде тешко и интересно против Татабања. Ни требаат добри два натпревари да напредуваме на табелата и ќе се бориме за тоа да го оствариме, -порача новото засилување за „фармацевтите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни