Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон и Волф ја бојкотираат свеченоста на ФИА во Париз

Објавено

на

Тимскиот шеф на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, денеска потврдил дека тој и Луис Хамилтон нема да бидат присутни на гала-церемонијата на ФИА во Париз.

Волф и Хамилтон се уште се под импресии на контроверзниот финиш на трката во Абу Даби, а тимскиот шеф вели дека седумкратниот шампион тешко ќе го „свари“ она што се случило во завршницата на последната трка сезонава.

– Одлуките на дирекцијата на трката поврзани со безбедносното возило и натаму се кошмар за Луис.

– Како тркач, неговото срце ќе каже дека мора да продолжи бидејќи се наоѓа во најдобрите моменти од кариерата. Но, најпрвин треба да ја надмине болката која му беше нанесена.

– Секојдневно разговараме, но нема што премногу да се каже, секој од нас на свој начин се соочува со емоциите кои преовладуваат во моментов. Ќе ни треба многу време да го „свариме“ тоа што се случи во неделата, но не верувам дека некогаш ќе го оставиме зад себе, – изјавил Волф.

На свеченоста на ФИА, конструкторската шампионска титула во име на Мерцедес ќе ја подигне Џејмс Алисон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни