Поврзете се со нас

Англија

Халанд го поправи рекордот во Премиер лигата, па експресно направи корекција на копачките (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити го освои „Гудисон парк“ и направи нов голем исчекор кон одбрана на титулата во Премиер лигата, натпревар на кој доминираше Илкај Гундоган, но на кој своја улога одигра и Ерлинг Халанд.

Норвежанецот повторно се запиша во листата на стрелците и со постигнатиот погодок го подобри својот рекорд во англиската елита, а тоа значеше дека по крајот на натпреварот мора да прави мала корекција.

По победата на Сити од 0:3, Халанд се јави со интересна објава на социјалните мрежи, која покажува дека неговиот спонзор „Најк“ ќе мора да му подготви нови копачки за следниот меч во Англија.

Ерлинг денеска настапи со копачки на кои беше испишан бројот 35 (рекорд во една натпреварувачка сезона), но откако постигна еден гол и стигна до 36, сега тоа ќе мора да се менува.

Тоа сигурно ќе биде поправено за наредниот предизвик во Англија, но во меѓувреме, Халанд доби помош од економот на Сити и доби 36-ка на специфичен начин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни