Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Халанд дојде до нов рекорд, Дортмунд прв обезбеди билет за четвртфиналето во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд е првиот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите и тоа откако со 5-4 го доби двомечот против Севилја.

Вечерашната средба на „Сигнал Идуна Парк“ донесе реми од 2-2 што значи дека како клучен се покажа првиот натпревар во Шпанија кој „милионерите“ го решија во своја полза со 3-2. Домашниот тим ги користеше своите шанси и имаше контрола на резултатот на денешната битка, поточно со двата гола на Халанд водеше со 2-0 по 54 минути игра.

Со ова Норвежанецот стана играч на кого му требале најмалку натпревари (14) за да дојде до бројката од 20 погодоци во ЛШ.

Меѓутоа и покрај ваквата негатива Севилја не се предаде, покажа карактер и преку Ел Несири дојде до 2-2. На крајот го имаше и последниот напад, се создаде мешаница во казнениот простор на Дортмунд, ама не се затресе мрежата на Хиц.

На втората средба од истиот термин меѓу Јувентус и Порто се играат продолженија затоа што калчолигашот триумфираше со 2-1, резултат со кој пак португалскиот клуб славеше на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни