Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за своите потези во второто полувреме: Јас сум генијалец!

Објавено

на

Пеп Гвардиола направи четири измени во првите 15 минути во второто полувреме, од кои две беа на самиот старт на продолжението, а уште две по точно еден час игра.

Шпанскиот стручњак посебно ги погоди вторите измени и влегувањето во игра на Грилиш и Марез донесе гол во 63-та минута, кој потоа се покажа како клучен за големата победа на „Стемфорд Бриџ“.

Гвардиола призна дека неговиот тим изгледал навистина лошо во првото полувреме и уште по само 20 минути му станало јасно дека ќе мора да менува, а бидејќи овојпат ги погоди измените, се прогласи за генијалец.

– Јас сум генијалец. По мечот со Евертон, еден новинар кој е мој добар пријател ме праша зошто не направив измена цели 87 минути. Размислувавв за тоа и овојпат направив неколку измени.

– Имав свои забелешки во првото полувреме и после само 20 минути ми беше јасно дека не можеме да продолжиме така. Направив измени и тоа испадна добро. Секој тренер сака неговите измени да го подобри тимот. Во игра се уште 63 бода и тоа е навистина многу. Имаме шанси за титулата, но мора да го покажеме нашиот квалитет на секој натпревар, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни