Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за неговиот наследник: Сакате да ме избркаат? Можеби имам лоша меморија…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола веќе подолго време го води премиерлигашот Манчестер Сити и според актуелниот договор треба да остане на „Итихад“ најмалку до 2025 година.

Јасно е дека еден ден ќе заврши приказната на Гвардиола со „граѓаните“ и ќе мора да се избере нов тренер. Наводно Шпанецот пред некое време има посочено дека го гледа Роберто Де Ѕерби како негов наследник, поточно тоа е колегата кој го предводи Брајтон, тим кој попладнево Сити ќе го пречека на „Итихад“.

-Сакате да ме отпуштат? Не се сеќавам на тоа, можеби имам лоша меморија. Сигурен сум дека Роберто може да тренира во кој било тим. Не се сомневам. Тој може да го тренира Брајтон и сите тимови ширум светот. Тие се врвни, јас бев назначен за прв тренер на Барселона од четвртата лига без искуство.

-Не значи дека треба да си во врвни клубови за да бидеш менаџер на топ клубови. Спортскиот директор има идеја, ангажира менаџер со идеја, ангажира играчи со идеја. Ако не е истата позиција сега сте во неволја. Сити го направи тоа, Ливерпул со Јирген [Клоп] освои титули. Можете да изгубите, но секогаш сте стабилни. Ова е советот што му го давам на клубот, -рече Гвардиола кој не сека да се вмешува во процесот околу неговиот потенцијален наследник.

-Тоа не е моја работа. Ако претседателот побара мое мислење, ќе дадам. Јас не сум спортски директор. Не е моја одговорност да кажам правилно или погрешно. Имам пријатели овде. Ако постават прашање. Не знам колку години има оваа идеја како играме. Продолжете со идејата. Играчите што ги сакаме, велам да продолжиме со тоа. Јас не ги носам одлуките, -заклучи трофејниот струњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни