Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Вокер ја заслужи долгата суспензија

Објавено

на

Пеп Гвардиола го подготвува Манчестер Сити за реваншот со Спортинг во осминафиналето на Лигата на шампионите, а во пресрет на истиот одржал интересна прес-конференцја.

Менаџерот на англискиот првак меѓу другото го коментирал и црвениот картон на Кајл Вокер на дуелот со РБ Лајпциг, односно суспензијата на три натпревари која ја заработи од УЕФА.

– Вокер заслужи суспензија на три средби, направи навистина глупава работа.

– Уште сум многу лут на него и тој го знае тоа. Видовте како одигра против Манчестер Јунајтед, тој е многу важен играч за нас.

– Но, го направи потегот откако веќе бевме квалификувани, не се сложував и со идејата клубот да испрати жалба на одлуката. Таа и онака беше одбиена, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни