Поврзете се со нас

Германија

Грималдо: Тој е нешто посебно, нема многу тренери во светот како него

Објавено

на

foto:twitter.com/grimaldo35

Еден од играчите кој ја одбележува оваа сезона во Топ 5 лигите дефинитивно е Алехандро Грималдо од Баер Леверкузен, играч кој едноставно „грми“ на левата бековска позиција кај „фармацевтите“.

Грималдо има скоро „дабл-дабл“ учинок во Бундеслигата (9 голови и 12 аситенции), бележи доби изданија и во Лига Европа каде има 2 гола и 2 асистенции, а во германскиот Куп има 1 асистенција.

Дефинитивно голема заслуга за оваа негова форма има тренерот Чаби Алонсо кој врши фантастична работа и тоа го признава и самиот Алекс за кого ова е прва кампања на „Бај Арена“.

-Имав многу добри тренери во текот на мојата кариера, во Барселона и во Бенфика. Ама Чаби е нешто посебно. Нема многу тренери како него во светот на фудбалот, -вели Грималдо кој се надева дека ќе станат шампиони на Германија.

-Бундеслигата би била посебна. Да дојдам овде и да освојам титула во мојата прва година што Баер Леверкузен никогаш претходно не ја освоил, би било испишување историја. Ова е нешто што целата тимот и јас исто така сакаме да постигнеме. И мислам дека сме на вистинскиот пат, -порача Шпанецот за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни